1 Apr 2014

1 Април


     Во Свети Николе и ширум нашата прекрасна Македонија 1ви април го одбележуваат маскирани луѓе, особено дечиња, облечени во интересни и уникатни маски. Денес секој може за момент да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу него.
        Како се прославува 1 април ширум светот?

     Светскиот ден на шегата се одбележува на 1 април, кога се шегуваме на сопствена сметка, а тоа, според експертите, ни помага и нам и на другите, затоа што смеењето е најдобриот лек".
Некои се смеат од срце, други кисело, во зависност од тоа на чија сметка се прави шега.
    Други се обидуваат тој ден да не бидат излажани за да не бидат несреќни цела година.
     Историјата на терање шега на 1 април е обвиткана со тајна.
*Едни сметаат дека овој своевиден празник се појавил кон крајот на средниот век во Европа, кога прераснал во општонародна веселбаа.
* Некои веруваат дека корените на тој народен празник достигнуваат до стариот Рим, познат и по тоа што тамошните жители умееле добро да се забавуваат.
* Други велат дека тој обичај се појавил во 16 век во Франција, поточно во 1564 година, а за тој кој е излажан имале обичај да речат дека добил априлска риба.
     Или поточно во 1564 година, Францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1ви Јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1ви Април.
Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1ви Април го славеле како Нова Година.
Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1ви Април.
  
    1 Април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. На денешен ден се карактеристични маските кои се со цел да не насмеа и расположат. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.




No comments:

Post a Comment