21 Apr 2014

Велигденски декорации












Велигденски аранжман , поклон во плик и букет со велигденски додатоци





 Матеј и Тони, навечер после 24.00 часот
...од излогот ...

18 Apr 2014

ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ на прагот ...

ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ
Пчетокот на велигденската трпеза
 разиграни велигденски јајца
 




ВЕЛИКИ ПЕТОК    Е   И ...

Тонката
Матеј

17 Apr 2014

Велигден е центарот на Православната вера

    Велигден  е празник на Воскресението на Господ Исус Христос.  Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение. Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците,  Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една. 
Само мала информациаја кога го славиме Велигден во следните неколку години
2014 20 април
2015
12 април
2016
1 мај
2017 16 април
2018
8 април
2019
28 април
2020
9 април

  





 Првите три црвени јајца пред зори
 Фломастер, по некое цирконче и до одлична декорација

 Пробајте, со многу љубов и труд,со малку средства, разиграјте ги велигденските јајца...
 Секое само за себе зборува...

1 Apr 2014

Хуморот ни помага полесно да ги пребродиме тешкотиите и проблемите. Не попусто старите рекле дека смеењето е најдобриот лек за сите болести!    

1 Април


     Во Свети Николе и ширум нашата прекрасна Македонија 1ви април го одбележуваат маскирани луѓе, особено дечиња, облечени во интересни и уникатни маски. Денес секој може за момент да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу него.
        Како се прославува 1 април ширум светот?

     Светскиот ден на шегата се одбележува на 1 април, кога се шегуваме на сопствена сметка, а тоа, според експертите, ни помага и нам и на другите, затоа што смеењето е најдобриот лек".
Некои се смеат од срце, други кисело, во зависност од тоа на чија сметка се прави шега.
    Други се обидуваат тој ден да не бидат излажани за да не бидат несреќни цела година.
     Историјата на терање шега на 1 април е обвиткана со тајна.
*Едни сметаат дека овој своевиден празник се појавил кон крајот на средниот век во Европа, кога прераснал во општонародна веселбаа.
* Некои веруваат дека корените на тој народен празник достигнуваат до стариот Рим, познат и по тоа што тамошните жители умееле добро да се забавуваат.
* Други велат дека тој обичај се појавил во 16 век во Франција, поточно во 1564 година, а за тој кој е излажан имале обичај да речат дека добил априлска риба.
     Или поточно во 1564 година, Францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1ви Јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1ви Април.
Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1ви Април го славеле како Нова Година.
Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1ви Април.
  
    1 Април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. На денешен ден се карактеристични маските кои се со цел да не насмеа и расположат. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.




Со она што го имате дома до совршена декорација




Како и да е треба и за Велигден по некоја идеја


 Идеи, идеи, идеи...
 Со малку имагинација до совршена креација...
 Фломастер и по некоја сликичка и ... убавина!!!
 Со обичните нешта правиме необични убавини...

1 Април Денот на шегата

Некои се смеат од срце, други кисело, во зависност од тоа на чија сметка се прави шега. „Светскиот ден на шегата се одбележува на 1 април, кога се шегуваме на сопствена сметка, а тоа, според експертите, ни помага и нам и на другите, затоа што смеењето е најдобриот лек".
 Смеата е лек за душата